Кире Лазаров со Нант го освои Лига купот на Франција

Кире Лазаров освои уште еден трофеј во кариерата, откако неговиот клуб Нант го победи Шамбери и го освои Лига Купот во Франција. Ова е прв трофеј на Нант оваа сезона.

Нант беше подобар во текот на целиот натпревар и победи 28-21. Лазаров даде два гола од шест обиди, и тоа во второто полувреме. Најдобар стрелец беше Ривера со шест гола, а Нилсен имаше 18 одбрани.

За потсетување Нант до финалето стигна благодарение на Лазаров кој постигна гол за победа во полуфиналниот натпревар против Монпелје.

Scroll to Top