Koj ќе се искашла кон противнички играч или судијата ќе добие црвен картон

Секој фудбалер ќе добие црвен картон и ќе биде исклучен од натпреварот, ако намерно се искашла кон противнички фудбалер или кон судијата.

Ова се дел од новите судиски правила кои ќе важат за следната сезона во Англија. Од Англискиот фудбалски сојуз велат дека ова се прави со цел да се заштитат учесниците на еден натпревар.

Ваков инцидент ќе се смета како потежок фаул и ќе се третира како прекршок по кој ќе следува исклучување. Останува само да се дефинира дали и за ваквите случаеви ќе се користи ВАР технологијата, или пак доволно ќе биде тоа што ќе види главниот судија на теренот.

Scroll to Top