Корејски фудбалер пронајден мртов на паркинг

Корејскиот фудбалер Ким Нам Чун, член на тимот на Сеул, е пронајден мртов во својот автомобил на паркинг. Неофицијално, тој се самоубил, но истрагата треба да покаже која е точната прчина за смртта.

31-годишниот спортист целата своја кариера ја мина во Сеул, освен една година во која мораше да го отслужи воениот рок, па тогаш настапуваше за армискиот тим „Сангжу Сангму“. Тој беше еден од најдобрите фудбалери на прволигашот и столб на одбраната на тимот. Неговите соиграчи истакнаа дека не забележале никакви проблеми кај него, ниту знаци дека може да дојде до ваква трагедија.

Фудбалерот сезонава одигра 22 натпревара за Сеул во К-лигата во Јужна Кореја, но не беше во составот на последните три меча.

Scroll to Top