„Кретените сакаат да се изживуваат со Ѓоковиќ“, се јави Здравко Мамиќ, најбараниот хрватски бегалец

Најбараниот хрватски бегалец, некогашен директор на „Динамо Загреб“, Здравко Мамиќ, застана во одбрана на српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кого во последно време го распнаа сите за „Адрија тур“, кој заврши предвреме поради појава на коронавирусот, на кој беше позитивен и Ѓоковиќ.

„Сакав нешто да напишам уште кога се појавија критиките, но, едноставно, не сакав да им дадам шанса на кретените да коментираат и да се изживуваат со тоа свето презиме. Ама имам една порака кон сите што негативно зборуваат за Новак и неговата сопруга, прво пред да почнат да зборуваат, да си ја дезинфицираат устата. Она што Ѓоковиќ го има постигнато заслужува да стои во став мирно секој оној што го изговара неговото име и презиме“, вели Мамиќ.

Здравко Мамиќ е во Босна и Херцеговина, каде што се крие од властите во неговата Хрватска. Некогашниот прв човек на „Динамо Загреб“ е виновен, доби шест и пол години затвор и обврска да врати 52 милиона куни или тоа се 7 милиони евра нелегално стекнати пари.

 Некои од обвиненијата се однесуваат на трансферите од „Динамо Загреб“ на Дејан Ловрен и Лука Модриќ, од кои се испрани милионски суми и со кои е оштетен буџетот на Хрватска.
Scroll to Top