Кумановецот Андреја Краљевски е шампион во Ендуро мотоспорт

Андреја Краљевски ја освои шампионската титула во Ендуро Е1 класата, а како што велат од клубот, ова е огромен успех за нив бидејки за прв пат имаат шампион од Куманово во мотоспортот. Сторм рајдерс од Куманово се пласираше на 3.место на подиумот во клубови во Ендуро дисциплина при доделување на наградите за 2021 година во Ендуро и Морокрос на шампионатот на Македонија, од страна на Мото федерацијата, пренесе Кумановски муабети.мк

Денис Николиќ Гареја го освои третото место на подиумот во Ендуро Е1 класата, воедно и подиум од трето место во мотокрос МX2 класата (мотори до 250cc).

„Сторм рајдерс тим“  од Куманово за 2021 година беше организатор на две ендуро трки од македонскиот шампионат кои се одржаа на добро познатата патека Забел во Старо Нагоричане. Мото Клубот Сторм Рајдерс Тим Куманово е формиран на 29.8.2019 и брои 14 члена од кои 7 се активни возачи (тркачи).

Клубот исто така имаше добри резултати во 2020 година беше пласиран на третото место на подиумот во клубови во Ендуро дисциплина, но и покрај овие позитивни резултати клубот досега немаше спонзори.

 

 

Scroll to Top