Кутињо ја напушта Барселона

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо (29) донесе одлука да ја напушти Барселона за време на зимскиот преоден рок, соопштува „Мундо Депортиво“. Тој оваа сезона  постигна два гола на 16 настапи за Барселона.

Според шпанскиот спортски весник, играчот од средниот ред побарал од своите агенти да му најдат нов клуб. Тој сакал да биде во форма за да обезбеди место во составот на Бразил за Светското првенство во 2022 година.

Агентите на Кутињо веќе оствариле првични разговори со Арсенал, Тотенхем и Евертон.

Scroll to Top