Легендарниот југословенски ски-скокач Примож Улага осуден на затворска казна

Поранешниот југословенски ски-скокач Примож Улага е осуден на затворска казна од 23 месеци и условна казна од три години, откако беше потврдено дека зел мито од еден спортист додека бил на чело на Словенечката скијачка асоцијација.

Словенечките медиуми во 2020 година пишуваа дека поранешниот скијач кажал дека не е виновен, но на судењето пред неколку дена, Улага ја промени изјавата и ја призна вината.

Обвинителството го обвини дека барал пари од личните спонзорски договори на неколку скијачи, а меѓу нив и Петер Превц и Роберт Крањец, кои одбиле да му платат и го пријавиле во полиција.

Scroll to Top