Лионел Меси ја напушта Барселона, татко му веќе купил стан во Милано

Најдобриот фудбалер на планетата, Лионел Меси, по синоќешниот висок пораз во Лига на Шампиони од Баерн Минхен, со 8:2, најверојатно ќе ја напушти Барселона и ќе замине во Интер, пишуваат италијанските медиуми.

Неговиот татко, кој му е и менаџер, веќе купил стан во Милано и ги прави подготовките за трансферот на Меси во Интер. Меси кој речиси целиот свој живот го помина во Барселона, најверојатно ќе се раздели, по неверојатниот пораз во четвртфиналето со Баерн Минхен.

Германскиот шампион во целост го уништи каталонскиот клуб. По два гола постигнаа Томас Милен и Кутињо, кој е и играч на Барса, а во Баерн Минхен настапи како позајмен играч. По еден гол постигнаа Ганбри, Кимик, Левандовски и хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.

За очајната Барселона голови постигнаа Давид Алба, кој си даде автогол и напаѓачот Луис Суарез. Капитенот Меси имаше натпревар кој брзо ќе сака да го заборави. Некои од фановите веќе тврдат дека тој го одигра последниот натпревар во дресот на каталонскиот клуб.

Навивачите преку социјалните мрежи ја покажаа својата разочараност од исходот на натпреварот. Тие се надеваа дека Барселона ќе ја заврши сезоната како шамион во Европа.

Но, Меси едноставно не може сам и треба да се признае дека голем дек од неговата екипа е ужасно лимитирана, се само некои од коментарите на разочараните фанови.

„Сакам да му честитам на италијанскиот гиган Интер Милан, за тоа што ќе потпише со Лионел Меси. Навистина не гледам зошто аргентинскиот волшебник сега би останал во Барселона. Оваа екипа е катастрофална и можеби ги има најдобрите 3, 4 играчи во светот, но тоа е сè. Лео не може сè сам“, коментираат фановите.

„Што се случи вчера? Дали Меси се откажа од Барселна? Каков е тој капитен? Ве молам кажете ми дали ова беше само кошмар и дека ќе се разбудам? Не можам да верувам? Дали го видовте Меси на вчерашниот натпревар? Зошто Сетиен не го стави во првите 11? Што се случи? Готово, мислам дека по ова, Меси сигурно ќе ја напушти Барселона. На таа екипа му треба невиден ремонт, Срамота“, коментираат други.

 

 

Scroll to Top