Лионел Меси ја освои рекордната седма „Златна топка“

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, синоќа во Париз ја освои рекордната 7 Златна топка. Тој по доделувањето на наградата рече дека е горд на освоената награда, која секоја година се доделува на најдобриот фудбалер.

„Навистина сум горд што уште еднаш ја освоив „Златната топка“ на „Франс фудбал“. Чувството да се освои оваа награда по седми пат е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите и на сите, кои насекаде ме следат и ме поддржуваат, бидејќи без нив ова немаше да го постигнам“, рече Меси.

„Не знам уште колку години ми преостануваат да играм фудбал, но се надевам дека ќе бидат уште многу, бидејќи многу се забавувам“, додаде 34-годишниот Аргенинец.

Општ е впечатокот дека Роберт Левандовски е „ограбен“ кога станува збор за Златната топка од минатата сезона кога Франс фудбал одлучи да нема доделување на престижната награда.

Роберт Левандовски имаше убедливо најдобра сезона и требаше да ја добие Златната топка, но напаѓачот на Баерн Минхен остана со празни раце.

Тој беше блиску и оваа сезона, загуби со само 33 гласа од Лео Меси. Полјакот имаше две фантастични сезони, а ниту една Златна топка.

На интернет се покрена петиција да му се даде Златна топка на Левандовски за 2020 година. Ова не е желба само на стотици илјади потпишани на петицијата, таквиот став го делат и многумина од фудбалските критичари, а и самиот Меси јавно го кажа.

На петицијата веќе се потпишани повеќе од 200.000 луѓе. Ако сакате и вие да се потпишете, тоа можете да го направите на овој ЛИНК.

Scroll to Top