Мајк Тајсон во хотелска соба претепал седум проститутки!

Најдобриот светски боксер во историјата Мајк Тајсон, откри дека кога бил на врвот на славата, доживеал голем број инциденти, меѓу кои е и претепувањето на седум проститутки.

„Бев во хотелска соба, а во такви моменти никогаш не сакав да бидам сам. Или бев со моето куче или со проститутка. Тогаш бев со седум жени покрај мене, а имаше и алкохол, кокаин, морфиум, вијагра, марихуана и коњак. Тогаш го допрев дното, ми се смрачи се околу мене. Мислев дека тие жени ќе ме ограбат па почнав да ги ударам. Навистина беше страшно. Среќа сега сум чист, кокаин не користам веќе три години“, изјавил Тајсон.

Во моментов Тајсон се подготвува за егзибицискиот меч со Рој Џонс кој е закажан за 12 септември.

 

Scroll to Top