Македонската ракометна репрезентација ја победи вечерва Швајцарија во Шафхаузен, со резултат 25:23 и е на дофат до Европското првенство во 2022 година. По првите две кола Македонија и Данска имаат по две победи
Нашите ракометари успеаја по петти пат во низа да ја победат Швајцарија, која е наш главен конкурент за второто место во групата.
Капитенот Кире Лазаров беше најдобар стрелец за Македонија, со шест погодоци. Еден помалку имаше Стоилов, а по четири пати мрежата ја затресоа Георгиевски и Кузмановски.