Македонија ќе игра против европскиот шампион Италија во баражот за Светско

Македонските фудбалери ќе играат против европскиот шампион Италија, во баражот за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Катар. Денес се одржа ждрепката во Цирих, на која беа одредени дуелите во баражот за Светско.

Во евентуалното финале Македонија ќе игра против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Македонските фудбалери полуфиналето на 24 март селдната година ќе го играат во гости.

Италија и Македонија се сретнаа и во квалификациите за претходниот Мундијал во 2018 година. „Аѕурите“ во Скопје славеа со пресврт 3-2, откако Македонија водеше 2-1, а вториот натпревар во Торино заврши нерешено 1-1.

Македонија обезбеди место меѓу 12-те селекции кои преку бараж ќе се борат за настап на Светското првенство откако за првпат во историјата заврши едни мундијалски квалификации како второпласирана во групата, веднаш зад неприкосновената Германија.

Евентуалниот пласман на Светското првнество ќе биде прв за нашиот национален тим на мундијалите. Минатото лето македонската репрезентација првпат беше дел од Европско првенство.

Scroll to Top