Македонија со играч помалку одигра нерешено со Грузија

Фудбалска репрезентација на Македонија со реми го заврши вториот натпревар од квалификациите за Лигата на нации. Македонија одигра 1:1 на гости против Грузија во Тбилиси, со играч помалку.

Домаќините поведоа од пенал во 13 минута, откако Алиоски направи прекршок во шестнаесетникот, а гол даде Окриашвили. На 1:1 израмни Ристовски по асистенција од Пандев. Во второто полувреме Муслиу доби црвен картон, па македонската репрезентација до крајот играше со фудбалер помалку. Грузијците во 94 минута имаа одлична можност за победа, но голманот Шишковски реагираше на време и спречи пораз во последните секунди.

Со овој бод, Македонија има вкупно четири бода од два одиграни натпревари.

Претходно, попладнево, во квалификациите за фудбалери до 21 година, Македонија на гости ги победи Фарските Острови со 2:1.

Scroll to Top