Фудбалската репрезентација на Македонија со победа стартуваше во новата сезона во Лигата на нации и во Скопје ја победи Ерменија со 2:1 (2:0).
Денешниот дуел со Ерменија и оној во вторник против Грузија се последните две проверки за Македонија пред баражот со Косово наредниот месец, за пласман на ЕП.
Дуелот започна со гол во раната фаза на Македонија. Елмас по несмасниот старт на Харојан избори пенал во петтата минута, стрелец беше Алиоски. Во 38. минута пенал реализираше Нестовски. На истекот на натпреварот Ермениците добија пенал, а Барсегјан го постави конечниот резултат.