Македонскиот фудбалски тренер Владко Андоновски кој ја предводеше женската фудбалска селекција на САД, го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио.
Владко со неговиот американски женски тим славеше во натпреварот за третото место против Австралија со 4:3. Претходно САД загуби во полуфиналето од Канада со 1:0, кои пак во големото финале ја победија Шведска по пенал рулетот (2-3), откако регуларниот дел заврши со 1-1.