Младата македонска репрезентација до 21 година убедливо го победи Казахстан со 4:1 во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство. Со оваа победа македонските фудбалери се зацврстија на второто место во групата 6 со 13 бодови.
Играчот на Штутгарт, Дарко Чурлинов, даде два гола, а по еден гол за Македонија дадоа Јани Атанасов и Дарко Митревски.
Чурлинов го даде првиот гол во 38. минута – се ослободи од двајца противнички играчи и со удар од 25 метри го совлада голманот на Казахстан. Три минути подоцна Јани Атанасов ја зголеми предноста на 2:0. Во третата минута од второто полувреме Чурлинов го даде својот втор гол, а Митревски го постави конечниот резултат во 67. минута.
Голот за Казахстан го даде Омиртаев во 52. минута, а две минути подоцна истиот играч промаши пенал. Тој во 56. минута поради два жолти картона излезе од игра, а црвен картон во 70. минута доби и Оринбасар, па македонскиот тим до крајот играше со двајца фудбалери повеќе.
Следниот натпревар Македионија ќе го игра во Скопје, на 13 октомври против Израел.
Фото: ФФМ