Македонските фудбалерки од тимот на Каменица Саса денеска ќе играат против италијанскиот шампион Јувентус. Тие попладнево треба да стигнат во Торино, каде што ќе го играат полуфиналниот турнир во групата 8 во Лига на шампиони.
Натпреварот ќе почне во 15:00 часот, а лидерот во тимот на Каменица Саса, Ана Димитровска, откри дека во тимот владее позитивна атмосфера.
„Мотивацијата е огромна. Горда сум што дојдовме до шанса да играме со ваков противник. Подготвени сме, секој ден тренираме, некогаш имаме и по два тренинга. Ќе дадеме максимум и очекуваме добар резултат“, рече Димитровска.
Каменичанки за три дена ќе одиграат уште еден натпревар во кој противник ќе им биде австриски Ст. Полтен или турски Бешикташ.