Илина и Ева Соколовска освоија медали на натпреварот по ритмичка гимнастика што викендов се одржа во Германија. Илина победи, а Ева го освои третото место.
Ева и Илина потекнуваат од Македонија, но со години живеат во Германија и се натпреваруваат во германската лига. На натпреварот OWL-CUP, што се одржа во градот Гутерслох, Илина и Ева настапија поединечно.
Илина ги бранеше боите во Бундеслигата и ги победи натпреварувачките кои се повозрасни од неа, па со голема предност од 4,50 поени го освои првото место.
Ева го освои третото место/ Таа правеше пауза од 20 месеци во натпреварувањата поради короната.
Во категоријата кај Ева се натпреваруваа 19 натпреварувачки, а кај Илина 10, бидејќи поради прописите многу девојки не ги исполнија условите за натпревар, односно во Германија правилото за натпревар е дека мора да се сите вакцинирани. Поради пандемијата многу натпревари се откажани.
Следниот турнир е закажан во февруари.