Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Оле Гунар Солскјер

Тренерот Оле Гунар Солскјер и официјално доби отказ од Манчестер јунајтед. Конечната одлуката којашто се очекуваше подолго време пристигна по вчерашниот пораз од 4-1 од Вотфорд. Па така, на синоќешниот состанок дојде до прекин на договорот.

„Манчестер јунајтед информира дека Оле Гунар Солшер ја напушти улогата на главен тренер. Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед и со жалење ја донесовме оваа тешка одлука. Иако последните недели беа разочарувачки тие не треба да ја засенат целата работа која ја заврши тој во изминатите три години во кои ги обнови темелите за долгорочен успех“, стои во дел од соопштението на клубот.

Клубот му се заблагодари на Оле за соработката преку официјално соопштение на Твитер

Солскјер ќе биде запаметен како веројатно најлошиот англиски тренер. Тој дојде како замена за Жозе Мурињо во 2018 година, а оттогаш клубот не успеа да освои ниту еден трофеј. Најблиску беше минатата година кога во финалето во Лигата на Европа по изведувањето на пенали загуби од Вилјареал.

На негово место ќе дојде Мајкл Керик и ќе остане таму сè додека не биде назначен официјалниот наследник на Норвежанецот. Меѓу фаворитите е 3инедин Зидан, како и Ралф Рагник, Брендон Роџерс и Маурисио Покетино.

 

Scroll to Top