Матераци го претепал Балотели во соблекувалната зашто го фрлил дресот на Интер

By

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Марко Матераци се потсети на времето додека играше за Интер и на моментот кога го претепал неговиот соиграч Марио Балотели во соблекувалната, затоа што го фрлил дресот на „нероаѕурите“ на земја.

„Добро го претепав тој ден и тоа е вистина. Го сакам Марио, но тој тоа го заслужи. Станавме повторно пријатели потоа, но тогаш направи нешто што не смееше. Да го фрлиш дресот на земја, по натпреварот е неопростливо. Во автобусот пред натпреварот ни зборуваше дека намерно игра лошо, а јас му ветив дека ќе плати ако тоа го направи“, се присети Матераци.

Потоа дефанзивецот се присетува како на еден тренинг влегол на теренот од клупата за резервни играчи и почнал да трча кон противничкиот гол.
„Диего Милито му беше лут. Побара од Мурињо, да го стави во мојот тим. Само неколку секунди подоцна го исфрлив од тимот и го испратив во соблекувалната. Подоцна ги изладивме односите и денес сме како браќа, а и тој знае дека тогаш погреши“, вели Матераци.
Матераци вели дека Балотели тогаш бил лошо дете. Тој темераментен карактер не му дозволил да го покаже својот целосен потенцијал. Со проблемите тој продолжил во Манчестер Сити, а подоцна ја оживеа кариерата во Милан. Потоа пак ја умртви играта во Ливерпул, а денес Балотели на 28 години игра во Бреша.
Многумина му предвидуваа дека ќе биде еден од најдобрите играчи на светот. Од друга страна Матераци остана запаметен по сцената од финалето на Светското фудбалско првенство меѓу Франција и Италија. Матераци кој е познат како лош играч, го провоцираше Зинедин Зидан, а Французинот со главата го удри во градите.
Зидан доби црвен картон, кој подоцна се покажа како пресуден во финалето. Италијаните по пенал серијата го освоија првенството, а Матераци беше херој за Италијаните, со сјајната игра. Со Интер освои пет титули во Серија А, а една во Лигата на шампиони и четири во Купот. Беше обожаван од популарниот тренер Жозе Мурињо.

 

Ќе ви се допадне