Маурицио Сари доби отказ, Јувентус ќе бара нов предводник

 

Маурицио Сари ги потроши „кредитите“ во Јувентус и заработи отказ во клубот, па ниту деветтото скудето на клубот во низа не беше доволно за негово останување.

Како што пренесe „Скај Спортс“, но и угледните новинари Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио, Андреа Ањели веќе го известил Италијанецот дека ја загуби работата, а тоа беше официјализирано на Твитер профилот од клубот.

Откако Јувентус ја освои само титулата во Серија А и тоа само со бод предност пред Интер, но загуби во финалето на Копа Италија од Наполи и доживеа елиминација од Лион во Лигата на шампионите, јасно беше дека промени се неопходни.

Јувентус вчера победи против францускиот тим (2-1) со двата погодоци на Роналдо, но поради гол во гости, Лион се радуваше на пласман во четвртфиналето и ќе патува во Лисабон.

Веќе долго се шпекулираше дека Сари ќе ја напушти клупата ако не приреди изненадување во Лигата на шампионите, а како прва опција за негов наследник во Јувентус е Маурицио Почетино.

 

Scroll to Top