Мбапе се договорил со Реал Мадрид за 25 милиони евра годишно

Реал Мадрид веќе ги договорил сите услови за трансферот на Мбапе од ПСЖ. Ова го пренесе германски „Билд“, кој објави дека Шпанците и официјално ќе го потврдат трансферот по мечот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ во Лига шампиони.

На францускиот напаѓач следното лето ќе му истече договорот кој го има со ПСЖ и во Мадрид ќе дојде како слободен играч. Неговата плата ќе изнесува 50 милиони евра за една година, но поради данокот во Шпанија за фудбалерите е речиси 50%, Мбапе ќе заработува околу 25 милиони евра.

За потсетување, ПСЖ го купи Мбапе за 180 милиони евра од Монако, а за неговата плата потроши околу 25 милиони евра годишно, однсоно се вкупно за пет години околу 250 милиони евра.

 

Scroll to Top