Мерцедес бара да се одземе титулата на Ферстапен и да се поништи последниот круг

Откако возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, победи на трката во Абу Даби и стана светски шампион, екипата на Мерцедес се жали на резултатот и кршењето на правилата. Мерцедес соопшти дека вложиле жалба против Ферстапен поради кршење на член 48.8 од спортскиот правилник на ФИА, како и жалба за конечниот поредок, наводно поради кршење на член 48,12 од спортскиот правилник.

Во жалбата стои дека Ферстапен го претекнал Хамилтон додека безбедносното возило било на патеката, како и поради процедурите во врска со безбедносното возило.

Холанѓанецот во последниот круг со свежи гуми го претекна Хамилтон и ја освои првата шампионска титула. Претходно се појави безбедносното возило, а според многумина се случи и контроверзна одлука на дирекцијата на трката.

Возилото за безбедност излезе на патеката во Абу Даби на пет круга пред крајот поради инцидентот на Николас Латифи од Вилијамс. Тоа време Ферстапен го искористи да оди во боксот, да ги смени гумите, а Хамилтон остана на патеката како првопласиран.

Дирекцијата на трката тогаш соопшти дека возачите кои за време на престојот на возилото за безбедноста на патеката оделе во боксот, не смеат да ги претекнуваат возилата кои доцнат за цел круг. Сепак, наскоро одлуката се промени, позициите им беа вратени, па дозволено беше трката да продолжи нормално во последниот круг.

Хамилтон се обидуваше да ја освои рекордната осма титула светски шампион, но откако во последниот круг во Абу Даби заврши на второто место, тој остана изедначен по бројот на титули со Михаел Шумахер, односно двајцата имаат по седум.

Одлуката за жалбата на Мерцедес ќе се знае наскоро.

Scroll to Top