Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да може да настапи за актуелниот лидер во Серија А на преостанатите два натпревари во 2020 година.
Швеѓанецот заработи повреда на бутниот мускул на левата нога и морал предвреме да го заврши тренингот во петокот. Ибрахимовиќ ќе ги пропушти мечевите против Сасуоло и Лацио.
Според истите извори, Ибрахимовиќ е неизвесен и за првите два меча на Милан во 2021 година, против Беневенто, на 3 јануари, како и дербито против Јувентус, три дена подоцна.