Мурињо во Скопје пораснал 5 сантиметри

Тотенхем синоќа ја елиминираше Шкендија во третото квалификациско коло во Лига Европа. Екипата од Англија во Скопје славеше со 3:1.

 

View this post on Instagram

 

I thought I had grown but then I realised the goal was 5 centimetres lower-Shkëndija 1 – 3 @spursofficial

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, открил еден интересен детаљ што се случил пред почетокот на натпреварот. Тој добил сугестија од своите голмани Џо Харт и Иго Љорис дека едниот гол е понизок за 5 сантиметри.

Тотенхем ова му го пријавил на делегатот на натпреварот, а откако било утврдено дека голот навистина е понизок, бил заменет.

„Мислев дека сум пораснал, но тогаш ми стана јасно дека голот е за 5 сантиметри понизок“, се пошегувал славниот тренер на својот профил на Инстаграм.

Scroll to Top