На езерото Младост се одржува седмиот Велешки пливачки маратон

На езерото Младост во Велес денеска се одржува седмиот пливачки маратон, како финална трка во националниот куп во далечинско пливање.

Маратонот почна претпладнево со трката за рекреативците. На маратонот учествуваат 50 пливачи во професионална конкуренција, 20 млади под 12 години и 20 рекреативци. Се одржуваат вкупно шест трки во три категории: 2,5 км – категорија 12-14 години, 5 км – категорија А 15-17 години и категорија Б, 18 години и постари. Првпат оваа година има млади пливачи под 12 години, а професионалните пливачи ќе пливаат на 2500 метри.

Манифестацијата е организирана во согласност со протоколите на Националната пливачка Федерација.

 

Scroll to Top