Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по десетти пат го освои Мастерс тенискиот турнир во Рим, откако во финалето го победи Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови.
За Ѓоковиќ ова беше негово 11. финале во Рим по кое остана на петте трофеи. Сега Надал ја намали предноста на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели на 29:28.
Тој се израмни со српскиот тенисер според бројот на освоени мастерси во кариерата – 36.