Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти објави крај на кариерата на 25 години

Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти објави дека ја завршува професионалната кариера на 25 години. Австралијката веста ја објави на социјалните мрежи, велејќи дека го напушта тенисот за да си ги исполни сништата.

„Сеќна сум и подготвена. Во срцето знам дека ова е исправна одлука“, кажа Барти.

Таа ја освои првата гренд слем титула во 2019 година, кога победи на Ролан Гарос и оттогаш беше светски рекет број еден. Лани славеше на Вимблдон, а во јануари стана прв австралиски играч по 44 години кој го освои Австралија опен.

„ Целосно сум истрошена и физички веќе нема што да дадам. Ви благодарам на сите кои ме поддржувавте“, додаде Барти.

Ова не е првпат Барти да се повлекува од тенисот. Таа не играше цели три години откако стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2011. По победата во Мелбурн не настапи на ниеден турнир.

Во кариерата освои вкупно 15 ВТА титули и беше 121 недела на првото место на светската ранг-листа.

Scroll to Top