Навивач на Фенербахче починал од преголема радост по победата над Галатасарај

Навивач на турскиот гигант Фенербахче, Ахмет Ујсал, починал откако неговиот тим го победи Галатасарај. 60 годишниот маж се израдувал на голот на Фенербахче во 94 минута од натпреварот и починал во кафулето во Истанбул каде го следел дербито.

Мигел Креспо го даде голот во четвртата минута од судиското продолжение за голема победа на Фенербахче. Тимот играше помалку од 10 минути со 10 фудбалери откако од игра беше исклучен Тисеранд.

„Тој беше многу фанатичен навивач, до толку што на куќата имаше извезен грб на Фенербахче и турското знаме. Дербито беше многу возбудливо, а кога Фенербахче, кој толку многу го сакаше, даде гол, мојот вујко не можеше да ја поднесе таа возбуда. Му се слоши одеднаш и падна на земја. Веднаш го однесовме во болница, но му немаше спас. Огромна е болката сега“, рече внукот на Ахмет, Ерчан Ујсал.

Scroll to Top