Навивачите на Пик Сегед изразија сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија

Вечерва, ќе се одржи натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Пик Сегад. Неколкумина унгарски навивачи веќе пристигнаа во Скопје да го бодрат својот тим, но и да направат убав гест. Тие пред салата „Јане Сандански“ истакнаа транспарент на македонски јазик како би изразиле поддршка на семејствата на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија, во која животот го загубија 46 лица од Македонија.

„Сочуства до семејствата на загинатите. Нека почиваат во мир“, напишаа тие.

Натпреварот ќе се почне во 20.45 часот.

Scroll to Top