Нејмар изедначи рекорд на Меси стар 12 години

Бразилскиот фудбалер Нејмар, на натпреварот ПСЖ – Аталанта од Лигата на шампионите, вчера го изедначи рекордот по број на дриблинзи на Леонел Меси стар 12 години. Фудбалерот на ПСЖ синоќа имаше дури 16 успешни дриблинзи, што е рекорд во ова натпреварување.

Нејмар натпреварот го почна слабо. Тој имаше промашување во третата минута и не успеа да поистигне гол до крајот, но сепак имаше 9 изнудени фаули, создаде 5 шанси, доби 25 од вкупно 32 дуела и запиша асистенција за гол.

Инаку, пред Меси, само уште аргентинскиот фудбалер Хавиер Занети имал 16 дриблинзи на еден натпревар, и тоа во 2003 година кога настапувал против „Динамо Киев“.

 

Scroll to Top