Данскиот фудбалер Даниел Агер кој за тимот на Ливерпул одигра 232 натпревари, денес има своја компанија за чистење тоалети, „КлоАгер“. Компанијата ја отворил заедно со неговиот брат Марк и денес е една од водечките компании во земјата кога станува збор за овој тип на бизнис. Медиумите пишуваат дека Даниел вложил околу половина милион евра во компанијата.
Но, ова не е единствената инвестиција на Агер. Неодамна тој купил и студио за тетовирање, а во меѓувреме добил сертификат и станал уметник за тетовирање. Даниел поседува и два паба во Копенхаген и понекогаш работи како шанкер и им точи пиво на гостите.
Познатиот фудбалер играше за Ливерпул од 2006 до 2014 година, а во март годинава стана тренер на данскиот второлигаш Коге. Професионалната кариера ја заврши во Брондби во 2016 година поради повреда.