Нема да се игра фудбал во Франција, ПСЖ ќе ја добие титулата среде сезона

Челниците во францускот првенство Лига 1, одлучија фудбал повеќе да не се игра во оваа сезона, а титулата по само 27 одиграни кола да му ја доделат на тимот на Пари Сен Жермен.

Француските медиуми пренесуваат дека е донесена одлука, пласманот на екипите пред избивањето на коронавирусот и прекинот на првенство да биде конечен за сезоната 2019/20 година.

ПСЖ ќе биде шампион, а зад него се Олимпик Марсеј и Рен кои ќе играат во Лигата на шампиони. Во Лига Европа ќе се натпреваруваат Лил, Ремс и Ница, а од Лига 1 ќе испаднат Амиен и Тулуз.

Се чека само официјална потврда од страна на Лига 1, но најверојатно одлуката е конечна бидејќи многу познати француски медиуми ги објавија информациите.

Кога францускиот премиер Едуард Филип најави дека Лига 1 во сезоната 2019/20 повеќе нема да се игра и дека целиот француски професионален спорт ќе запре до септември, остана отворено прашањето за Лига 1.

Досега се одиграни само 28 кола, од вкупно 38, а парижани имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Марсеј, кој имаше и натпревар помалку.

Холанѓаните во својата Eredivisie веќе го прекинаа првенството без прогласување на шампион. Серија А и Бундеслигата живеат со надежта дека некако ќе ја довршат сезоната, исто како и Англичаните. Ливерпул би ја освоил титулата по 30 години.

УЕФА јасно истакна дека сака сите првенства и лиги, вклучувајќи ги и Лигата на шампиони и Европската лига, да се довршат, ако тоа е возможно.

 

Scroll to Top