Никола Јокиќ стана првиот играч во НБА со 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ стана првиот играч во НБА-лигата кој остварил 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона. Овој историски резултат го оствари со победата на неговиот клуб Денвер над Мемфис од 122:109. Против Мемфис, Јокиќ имаше 35 поени, 16 скока и шест асистенции.

„Трката за МВП нема конкуренција. Во лигата има и други одлични играчи, но она што го прави Јокиќ оваа сезона е неверојатно. Тој беше добар минатата година, но оваа е уште подобар“, изјави тренерот на Денвер, Мајкл Малоун.

Јокиќ ја игра седмата сезона во НБА, сите со Денвер, а лани беше прогласен за најкорисен играч во лигата.

Scroll to Top