Новак Ѓоковиќ го нема во првите 10 на листата за најдобри спортисти во 21. век

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не е меѓу првите топ десет спортисти во светот на 21. век. Српскиот тенисер заврши на 11. место.

Прочуениот американски пливач Мајкл Фелпс е избран за најдобар спортист на планетата во 21. век, во анкетата на угледниот шпански весник „Марка“.

Второто место го освои најбрзиот човек во историјата Усеин Болт, од Јамајка, додека на третото место се најде швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.

Потоа следат шпанскиот тенисер Рафаел Надал, американскиот кошаркар Коби Брајант, голферот Тајгер Вудс, аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, бразилскиот возач на Формула 1 Луис Хамилтон, италијанскиот мотоциклист Валентино Роси и португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го завзема 11. место, пред шпанскиот мотоциклист Марк Маркез и шампионот на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер.

 

 

Scroll to Top