Новак Ѓоковиќ со семејството се сели во Шпанија

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со сопругата и децата ќе го напушти Монте Карло, каде живее со години, за да се пресели во Шпанија во местото Марбеља, пренесуваат светските медиуми.

Тој со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара ќе замине на југот на Шпанија, на местото за кое вели дека се заљубил на прв поглед.

Во Марбеља неговите деца ќе одат во училиште. Ова прочуено туристичко место, судејќи според сè, во целост е по мерка на семејството Ѓоковиќ, па затоа и ќе стане нивен иден дом, пренесуваат медиумите.

Scroll to Top