Новак и Јелена Ѓоковиќ се негативни на коронавирус

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на корона. Тие направиле нови тестови по десет дена во карантин. Српските медиуми пишуваат дека Новак и Јелена за цело време додека биле во самоизолација не им се појавиле никакви симптоми на вирусот.

Најдобриот светски тенисер и неговата сопруга пред десетина дена дознаа дека се позитивни на Ковид-19, откако двајцата беа дел од „Адрија тур“ што Новак го организираше во Србија, Хрватска и Босна.

Финалето на тенискиот турнир во Задар беше прекинато откако бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е заразен, а дека се позитивни брзо потоа дознаа и Борна Ќориќ, Виктор Троицки и Горан Иванишевиќ. По ова турнирот беше откажан, а повеќе од 100 луѓе беа ставени во изолација.

Scroll to Top