Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ ќе добие и женско издание, откри претседателот на ова натпреварување Петер Круијер. Популарните ски-скокови традиционално се одржуваат од 29/30 декември до 6 јануари. Прв пат се одржале во 1953 година.
Жените ски-скокачи имаат свој Светски куп од 2011/12, а пред неколку години почнаа да се натпреваруваат и на големата скокалница.
Според Криујер, Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен се согласиле да вклучат и женска серија.
„Сите четири локации сакаат и женска верзија на ‘Четири скокалници‘. Постои едногласна одлука да почне што поскоро. Останува да се решат прашањата како ТВ-права и награден фонд“, рекол Круијер.
Жените сега првпат ќе скокаат за Нова година, во Љубно, Словенија.