Од наредната година клубовите ќе можат да го добијат Меси и Рамос за без пари

Големите фудбалски имиња како Лионел Меси, Серхио Рамос, Месут Озил и Серхио Агуеро во 2021 година ќе можат да си заминат од клубовите без никакво обештетување. Голем број европски клубови се заинтересирани за нив, особено поради тоа што може да ги добијат за без пари.

Британски „Скај спортс“, издвои 20 играчи чии договори им истекуваат летово следната година.  Прв на листата е Лионел Меси, кој по големиот број  проблеми во Барселона, речиси е сигурно дека ќе си замине од каталонскиот клуб. Аргентинецот мина две децении на „Ноу Камп“.

Неговиот кум Серхио Агуеро исто така може да го напушти Манчестер сити, затоа што не е во прв план на Пеп Гвардиола. Арсенал исто така размислува да го продаде Месут Озил, поради неговата голема плата.

Германецот сигурно ќе ги напушти „топчиите“. Останува да се види дали истата судбина ќе ја доживее и Давид Алба, дефанзивецот на Баерн Минхен.

Меѓу играчите кои можат да ја сменат средината се и Мемфис Депај, Жоржињо Вајналдум, Анхел ди Марија, Оливие Жиру, и двоецот на Милан Хакан Чалханоглу и Џанлуиџи Донарум.

И на Серхио Рамос му истекува договорот со Реал Мадрид, но шпанскиот дефанзивец, сепак би можел да потпише нов договор со „кралскиот клуб“.

Манчестер сити би можел да остане без талентираниот стопер Ерик Гарсија, додека нови клубови би требало да побараат и Џеси Лингард, Шкодран Мустафи и Џером Боатенг.

 

Scroll to Top