Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешното Генерално собрание одлучи од наредната сезона да има само една Втора лига со 16 екипи.
На собранието Делегатите го усвоија и извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2021. година. Највисокото тело на федерацијата ја усвои и завршната сметка за минатата година и буџетот на Федерацијата за 2022. година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор.
Работниот дел од Собранието го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Чарлс Борман беше претставник на ФИФА од Национални асоцијации.
Фото/ffm.mk