Од наредната сезона во македонскиот фудбал ќе има само една Втора лига со 16 екипи, одлучија од ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешното Генерално собрание одлучи од наредната сезона да има само една Втора лига со 16 екипи.

На собранието Делегатите го усвоија и извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2021. година. Највисокото тело на федерацијата ја усвои и завршната сметка за минатата година и буџетот на Федерацијата за 2022. година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор.

Работниот дел од Собранието го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Чарлс Борман беше претставник на ФИФА од Национални асоцијации.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top