Од телефонски повик за работа до брак со три деца: Најубавите љубовни приказни од светот на спортот

Лука Модриќ и Вања Босниќ

Вања го запознала Модриќ додека работела во спортската агенција на Мамиќ, во време кога тогаш 19-годишниот Лука, неколку години помлад, почнал да игра за Динамо Загреб. Првпат се сретнале во загребско кафуле во 2004 година, а си се допаднале еден на друг по телефонскиот разговор кој започнал поради работа, а траел цели три часа. Шест месеци по телефонски разговор, Вања и Лука веќе биле во сериозна врска.

За нив бракот бил само формалност, па постојано ја одложувале венчавката поради бројните обврски. Но Вања забременила, па двојката се венчала во мај 2010 година. По раѓањето на првиот син Иван, во јуни 2011 година, била организирана голема црковна прослава во црквата Пресвета Богородица Лурдска во Загреб. Покрај Иван, ги имаат и ќерките Ема и Софија. Тие живеат во Мадрид, но доаѓаат во Хрватска за време на слободното време и летните одмори.


Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Се запознале во средно училиште, а нивната врска првпат била во искушение кога таа се преселила во Италија поради студиите, а тој го обиколил светот поради тенисот. Откако Јелена дипломирала, решиле да живеат заедно во Монако, каде што и ден-денес живеат со синот Стефан и ќерката Тара.

Нивната љубовна приказна започнала летото 2005 година, а се венчаа  девет години подоцна во Свети Стефан. Кога се запознале, тогаш 17-годишниот Новак Ѓоковиќ решил професионално да се занимава со тенис, а истата година завршил на 78. место на светската АТП листа. И 11 месеци постарата Јелена Ристиќ се занимавала со спорт, поточно атлетика, па се запознале во поголема група. Благодарение на спортот го започнале својот прв разговор и сфатиле дека имаат многу заеднички теми, а оние кои присуствувале на нивната прва средба, ја окарактеризирале како љубов на прв поглед.

Иван Љубичиќ и Аида Шалаби

Тенисерот Иван Љубичиќ во еден момент беше трет играч на светот, па благодарение на неговите напори Хрватска го освои првиот Дејвис куп. Тој меѓу другото, бил тренер и на Роџер Федерер. Неговиот живот бил полн со подеми и падови, а еден од најтрамуатичните моменти било кога неговото семејство избегало од завојуваната Бања Лука.

Тој ја запознал Аида во школските денови. Тие биле пријатели во основно училиште, а кон крајот на средното училиште почнале да се забавуваат. Подоцна се земале, а во бракот ги добиле синот Леонард и ќерката Зара. Доста често, поради турнирите на Иван, биле разделени, но како што одминувало времето, тие сè повеќе се зближувале еден со друг. Оваа разделба ги поврзала на некој начин и трајно бидејќи секој имал свој живот.

Scroll to Top