Охридскиот маратон нема да се одржи првпат по 28 години

Охридскиот пливачки маратон годинава нема да се одржи поради пандемијата на коронавирусот. Ова е првпат по 28 години да се откаже најголемиот пливачки настан кај нас. Веста за откажувањето на маратонот ја потврди Пливачката федерација на Македонија.

„Пливачка федерација како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА), соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020година – традиционален Охридски пливачки маратон на 25км и олимписка дисциплина 10км, нема да се одржат, поради пандемијата со Ковид-19 и едногласното откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020 година во светот“, стои, меѓу другото, во соопштението.

Истовремено, од Пливачката фереација најавија дека маратонот во Охрод во 2021 година ќе се одержи на  21 август, а една недела подоцна, на 28 август, олимписката трка на 10 километри.

Scroll to Top