Пред точно една година трагично загина легендарниот НБА-кошаркар Коби Брајант. Славниот кошаркар го загуби животот во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, заедно со неговата ќерка Џијана Марија (13). Зад себе ја остави сопругата Ванеса и уште три ќерки.
Покрај нив двајца, во несреќата загинаа уште седумина патници. По повод годишнината, се јави и неговиот пријател и поранешен НБА-кошаркар Трејси Мекгрејди, кој се потсети на времето и дружбите со легендарниот кошаркар.
„Секогаш ми велеше дека сака да умре млад. Мислев дека е луд. Мислеше дека е бесмртен. Ми говореше дека сака кариерата да му биде подобра од онаа на Џордан и дека сака да умре млад. Но, тоа ми го говореше пред да ги добие децата. Сигурен сум дека откако стана татко, повеќе не размислувал така“, изјавил Мекрејди.
За потсетување во јавноста се раширија голем број теории за причината на несреќата. Многумина го посочија пилотот како директен виновник. Истрагата подоцна покажа дека тој бил дезориентиран поради густата магла и немал претстава за висината на која се наоѓа.
Подоцна Ванеса и ја тужеше компанијата, барајќи милионска отштета.