Отворена истрага за смртта на Марадона, полицијата влезе во домот и клиниката на неговиот лекар

Аргентинските обвинители покренаа истрага за смртта на Диего Армандо Марадона. Тие извршија претрес во куќата и клиниката на неговиот лекар Леополдо Луке, а се обидуваат да утврдат дали имало небрежност во лекувањето на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Марадона почина од срцев удар во својот дом во средата.

Смртта на Марадона следеше само две недели откако имаше успешна операција на тромб во мозокот, додека истовремено се лекуваше од зависноста од алкохол. Неговите ќерки побараа да дознаат какви лекови користел.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морија, изјави дека ќе побара целосна истрага за околностите на неговата смрт, укажувајќи на бавната реакција на итната служба.

„На амбулантното возило му требаше повеќе од половина час да стигне во неговиот дом, што е криминално идиотски“, кажа Морија.

 

Scroll to Top