Пандев избран за делегат на Собранието на ФФМ

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев е избран за делегат на Собранието на ФФМ преку ОФС Струмица. Поранешниот капитен на преку видео врска учествуваше на собранието на општинскиот сојуз.

Покрај Пандев за делегати во Собранието на ФФМ беа избрани и Ѓорги Гоцевски – претседател на општинскиот сојуз и Ванчо Коцев од ФК Плачковица. Нивните мандати треба да бидат верификувани од Федерацијата за да може да учествуваат на Годишното собрание на ФФМ закажано за овој месец.

ОФС Струмица лани не избра делегати за ФФМ и не предложи член во УО.

Scroll to Top