Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, отворено зборуваше за своите планови и желби кои посакува да му се остварат на професионален план оваа година.
Тој за 2021 најави крај на неговата импресивна кариера, но не пред да обезбеди опстанок со Џенова во Серија А и настапи на Европското првенство во фудбал.
„Во 2021 ќе наполнам 38 години и навистина мислам дека ова ќе ми биде последната година во кариерата. Најпрвин да обезбедам опстанок со Џенова во Серија А, а потоа со Македонија да го исполнам својот сон и да заиграм на ЕП. Потоа ќе се пензионирам“, изјави Пандев.
Пандев вели дека една од најголемите негови желби сега е успешен настап со македонската репрезентација на Европското првенство.
Со својот гол во Тбилиси тој ја однесе Македонија на ЕУРО 2021. Покрај пласманот со Македонија на ЕП, неговиот најголем успех во кариерата е титулата во Лигата на шампионите која ја освои со Интер во 2010 година.
Во кариерата има настапувано и Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Галатасарај.