Парма сака да го купи Илија Несторовски

Италијанскиот клуб Парма сака да го купи македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, пишаваат медиумите. Несторовски, кој игра за калчолигашот Удинезе, поголемиот дел од сезоната го помина на клупата поради повредата на коленото, а го пропушти и Европското првенство.

Иако во медиумите во Италија се пишува дека неколку клубови сакаат да го ангажираат Илија, велат дека најзаинтересирана е Парма, која сака да го донесе Несторовски во својот клуб уште во зимскиот преоден рок.

Парма во моментот е на 15. место во Серија А.

Scroll to Top