По еден месец пауза Кире Лазаров се врати на теренот

Капитенот и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров се врати на терените по еден месец пауза. Тој играше неколку минути на натпреварот меѓу Нант и Санкт Рафаел но, не упеа да даде гол. Нант победи со 38:32.

За потсетување, Кире се повреди пред Европското првенство кое се одржа во јануари годинава и сега е очекува да биде целосно опоравен за бараж мечот со Романија кој ќе се игра на 17 и 19 март во рамки на квалификациите за Светско првенство.

 

 

Scroll to Top