По летувањето во Хрватска, Меџик Џонсон ѝ напиша порака на мајката на Дражен Петровиќ

Еден од најголемите НБА-кошаркари во историјата Меџик Џонсон ова лето го помина на одмор во Хрватска, а по враќањето во САД ѝ пратил порака на Бисерка Петровиќ, мајката на уште една кошаркарска легенда, Дражен Петровиќ.

Во рачно напишана порака, Џонсон вели дека си поминал прекрасно во Хрватска и го прогласи Дражен за еден од најголемите на светот.

„Прекрасно си поминав на моето летување во Хрватска. Храната беше одлична, луѓето пријатни, земјата убава и чиста. Хрватска е дом на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Дражен Петровиќ“, напишал Џонсон во пораката.

Scroll to Top